Фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Реал Мадрид потврди: Заврши годината за Камвинга

Реал Мадрид денес потврди дека Едуард Камвинга заработил повреда на лигаментот на десното колено во текот на репрезентативната пауза.

Повредата Камвингаја заработил по судар со Дембеле на тренингот на репрезентацијата на Франција. Како што стојат работите паузата ќе биде од неколку недели и Камвинга на теренот ќе се врати на почетокот на јануари.

Ова значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Кадиз, Наполи, Гранада, Бетис, Унион Берлин, Виљареал и Алавес, а можеби и некој плус.

Но, тука не е крајот на проблемите на Реал Мадрид. Винисиус Жуниор се повреди во настапот за Бразил против Колумбија, Бразилецот ја обнови повредата на коленото која веќе ја имаше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот