фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Реал Мадрид покажува интерес за фудбалерот на Сити, Родри

Официјално најдобриот фудбалер на светот минатата година, Родри, докажа колку е важен играч дури и во машинеријата на Манчестер сити, а зборуваше и за интерес од други големи клубови.

Шпанскиот играч за врска оваа сезона ја освои Златната топка, но немаше среќа со повреда која најверојатно ќе го оддалечи од терените до јуни. Тоа е голем удар за тимот на Пеп Гвардиола, а тоа го покажуваат последните резултати – четири последователни порази.

Нема сомнеж дека враќањето на Родри ќе му помогне на Сити следната сезона, но прашање е каде ќе оди кариерата на шпанскиот играч за врска во наредниот период.

Реал Мадрид секогаш е заинтересиран за најдобрите играчи во светот, како што е Родри, а еве што вели за тоа победникот на ЕП со Шпанија:

– Кога Реал Мадрид те повикува, најдобриот клуб во светот и најуспешен, тоа те прави горд и секогаш мораш да слушаш. Јасно е, секогаш морате да обратите внимание – изјави Родри.

Да потсетиме, Родри во Манчестер сити дојде во 2019 година од Мадрид, но од Атлетико.  Останува прашањето дали ќе се врати во шпанската престолнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот