Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Реал Мадрид на аукција ќе ја продава соблекувалната на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид во склоп на реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“ ја обновува и соблекувалната на фудбалерите, а во оваа ситуација се одлучија на еден интересен потег.

Имено, место елемнтите од старата соблекувална да завршат во отпад, тие ќе се продаваат на аукција каде што фановите и колекционерите ќе можат да ги купат.

Сите ормарчиња од соблекувалната ќе се продаваат на аукција во Лондон од 12 до 26 ноември и почетната цена за едно ормарче ќе изнесува 10.000 фунти. Секој што ќе купи ќе добие сертификат за автентичност, како и потпис од фудбалерот кој го користел.

Во прашање се големи ѕвезди кои го носеа дресот на Реал Мадрид низ годините: Кристијано Роналдо, Дејввид Бекам, Роберто Карлос, Луис Фиго, Зинедин Зидан, Лука Модриќ, Серхио Рамос…

Покрај ормарчињата се продава и грбот кој стоеше на подот од соблекувалната кој е во големина од три метри.

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!