Фото: МИА

Реакција: Пресудата за случајот Пендиков е антибугарски терор

„Ова не е суд, ова е пародија“ реагира здружението Нова политичка емиграција на Бугарите од Македонија откако судот во Охрид пресуди затворска казна од 8 месеци за двајцата охриѓани за претепувањето на македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, секретар на поранешниот бугарски клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

Охридскиот суд по двегодишен судски процес ги прогласи за виновни Илија Спасески и Борче Ангелов за нанесување тешка телесна повреда од прв степен. Но, ги ослободи од обвинението дека го претепале Пендиков од омраза кон Бугарите.

Здружението ги повикува македонските власти да ја преиспитаат оваа казна и да се погрижат таа да ја одразува тежината на кривичното дело.

-Императив е Република Северна Македонија да ги зајакне своите закони против злосторствата од омраза и да обезбеди подобра обука за својот судски систем. Европската унија треба да ја земе предвид оваа одлука и да го преоцени напредокот на Република Северна Македонија во почитувањето на основните човекови права. Време е за бескомпромисна акција – затоа што следниот Пендиков можеби нема да преживее! – се заклучува во ставот на здружението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот