
Разликата во цената на квадрат во иста зграда во Србија може да биде и 1.000 евра: Што ја намалува, а што ја зголемува цената на станот?
Бројот на катови, греењето, структурата на станот, состојбата со санитарната опрема и столаријата, тераса, паркинг, па дури и пристојна населба се само некои од околу 20-те фактори кои можат да ја подигнат или намалат цената на метар квадратен недвижен имот кој се продава во Србија. За Србија е типично што разликата во цената на метар квадратен меѓу првиот и последниот кат во иста зграда може да биде и повеќе од 1.000 евра, информира Н1. Проценителите велат дека локацијата во сите дестинации е клучен фактор кој може да ја зголеми цената и до 25 отсто, а следен најважен е катот на кој се наоѓа недвижноста, бидејќи приземјето и поткровјето ја намалуваат цената. Квадрат во мал стан до 35 квадрати и поголем од 135 квадрати е поскап, како и во зграда која има лифт во споредба со зграда која нема, пишува порталот 4зида.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во два стана со слична квадратура во Нови Сад, цената за квадрат на последниот, 18-ти кат е 2.040 евра, додека во станот кој се наоѓа меѓу првите катови од зградата е 2.900 евра. Додека во некои светски метрополи, како Њујорк, е прашање на престиж да се живее на последниот кат, во Белград или Нови Сад, купувачите се прилично недоверливи во рамните плочи, кои често прокиснуваат, па ги избегнуваат овие имоти.
Кои фактори влијаат на цената?
Сања Шќепановиќ, директорка на новосадската агенција „Шќепановиќ и сараднице“, вели дека цената за стан во подрум е за 10 до 15 отсто пониска од редовната цена на стан кој се наоѓа меѓу првиот и четвртиот кат. Претходно се бараа станови со парно, но ситуацијата денес е променета, бидејќи има и други решенија кои се сметаат за попаметни, кои овозможуваат заштеда на енергија и намалување на трошоците, како топлински пумпи и соларни панели.