Фото: Приватна архива

РАЗГОВОР | Мартин Најдовски, билкар: 95% од болестите можат да се решат со билки, луѓето не се свесни дека секој лек можат да го најдат за без пари и тоа, тука, во Македонија!

Мартин Најдовски од Велес е сертифициран билкар/хербалист, а треварството му е наследно од неговата тетка Љиљана Јовиќ – Гроздина која била најпозната треварка во Македонија. За Мартин, како што вели, чест е и благослов што е нејзин наследник.

Треварството е дел од неговата фамилија, знаењето на билките кружи во неговата фамилија, па така, логично е што и Мартин тргнал по тој пат. Со билките е уште од мал, заедно со неговите баби оделе и ги береле лековитите треви, а потоа изработувале лековити препарати од истите.

фото – приватна архива

Колку во современото општество билкарите се популарни?

– Искрено, мал број на луѓе се бават со фитотерапија, односно билкарство, и баш ми е жал за тоа, верувам дека кога сите би ги знаеле благодетите на природата и кога би знаеле дека секој лек можат да го најдат за без пари, а не за пет пари, мислам дека светот би бил многу подобро место.

Кои билки се најбарани?

– Најбарани се оние популарните кои поголемиот број на луѓе ги знаат, од типот на ајдучка трева, коприва, мајчина душица, бозелот е исто така доста баран, а и во последно време, забележувамдека и виракот (уште позната како Бисерок, Лавовска нога) е доста барана од страна на женската популација.

Од каде се снабдуваш со билки? По кои билки, според тебе, е препознатлива македонската почва?

– Билките ги берам јас. Некогаш понесувам и берачи со мене. Одам по планини и ридови, едноставно одам и да се рекреирам, но и да ја завршам мојата обврска со снабднување на билки.  Македонската почва има изобилство од билки кои се лековити, имаме и билки коидопрва се откриваат секојдневно, а кријат многу за својата лековитост, но пак ке речам имаме премногу треви, штета што само луѓето не сакаат да дознаат повеќе за тревите на нашето македонско поднебје, најлесно е да појдеш во билна аптека и да ги набавиш. Ги имаме најквалитетните билки, по кои дури од странство доаѓаат луѓе и ги увезуваат во други држави.

Како се препознаваат лековитите билки…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот