Фото: ВРЕДИ

Разбирањето и соработката се клучот за иднината- велат од ВРЕДИ

На Меѓународниот ден на толеранцијата, градоначалниците од општините раководени од коалицијата ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ со симболично заедничко засадување дрвца, покажаа дека соработката и разбирањето се единствениот пат за создавање подобра иднина за сите граѓани.

Од коалицијата ВРЕДИ соопштија дека насатанот од нивната коалиција учествуваа градоначалниците: Блерим Сејдиу на општина Желино, Валбон Лимани на општина Гостивар, и градоначланикот на Општина Чаир и домаќин на насатнот, Висар Ганиу. Од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ беа Јовица Илиевски, градоначалник на општина Брвеница, Дејан Митевски на општина Аеродром, Александар Стојковски на општина Ѓорче Петров и Орце Георгиевски, градоначалник на Општина Кисела Вода, воедно и претседател на Заедницата на единиците на локалната самоуправа.

-Засадувањето садници денес не е само симболичен чин, туку јасна порака: садиме надеж, единство и напредок, против поделбите и омразата што ги измориле и премориле нашите граѓани, истакнаа градоначалниците. Коалицијата ВРЕДИ цврсто стои против обидите за ширење поделби и омраза за ситни политички придобивки. Ние веруваме во општество каде сите граѓани, без разлика на етничка припадност или политичка определба, можат да живеат во мир и хармонија. Додека другите користат зборови за да разделуваат, ние делуваме за да обединиме. Секоја садница засадена денес е доказ за нашата посветеност за изградба на иднина каде толеранцијата и разбирањето ќе триумфираат над омразата и поделбите. Коалицијата ВЛЕН е гласот на граѓаните кои бараат мир, правда и подобра иднина за сите, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот