Туристи во Скопје / Фото: Методи Здравев - „Слободен печат“

Расте бројот на туристи од Западна Европа во државава, но најбројни се посетителите од Турција

Според последните податоци од Министерството за култура и туризам, Македонија во првите пет месеци од оваа година, во споредба со истиот период од минатата година, бележи пораст во туристичкиот промет и зголемување на бројот на туристите од западноевропските земји како Франција, Германија и Обединетото Кралство.

-Забележан е пораст од 23,6 отсто кај странските туристи и раст од 18,7 отсто кај остварените ноќевања. Во првите пет месеци од 2025 година, туристичкиот промет во Македонија бележи значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година.

Според податоците, најмногу се издвојува Франција со раст од 219 отсто во бројот на туристи и 303 проценти во ноќевањата, а зад неа следат Германија и Обединетото Кралство.

-Посебно се издвојува Германија со раст од 219 проценти во бројот на туристи и 146 проценти во ноќевања, што укажува на видно зголемен интерес на германските туристи за посета на нашата земја. Франција бележи највисок пораст со 398 проценти повеќе туристи и 303 проценти повеќе ноќевања, со што се позиционира како нова стратешка цел на туристичките политики. Велика Британија забележува значително зголемување од 204 отсто во бројот на туристи и 139 отсто во ноќевањата.

Сепак, покрај наглите зголемувања на туристите од западноевропските држави, во Македонија и оваа година туристичкиот трон го држат посетителите од Турција, држава која како и минатата година, така и оваа е водечки пазар со раст од 11 отсто во бројот на туристи и 21 отсто во ноќевањата, задржувајќи ја својата прва позиција според вкупниот број на туристи и ноќевања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот