Фото: Принтскрин

Рашковски осуден на осум години затвор за случајот „Софтвери“

Драги Рашковски како првообвинет во случајот „Софтвери“ доби казна затвор од вкупно осум години. За злоупотреба на службената положба осуден е на седум години затвор, а за перење пари доби казна затвор од една година и шест месеци. На Рашковски му се пресметува и времето поминато во домашен притвор сметано од 16 април 2021 година.

Второобвинетиот Ивица Димитровски е осуден на пет години казна затвор, Игор Христов на пет години и шест месеци, Даниел Станчев е осуден на четири години, а Ирена Ивановска доби три години и шест месеци. Хонорарците Игор Ивановски и Маја Силјановска се осудени на три години затвор.

Фото: Принтскрин

Драги Рашковски, не ги извршил службените должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за систем за биометриска идентификација, јавна набавка на софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на АНПР камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици.

Пресудата ја изрече Судечкиот совет на чело со судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска во Основниот кривичен суд Скопје. Пресудата не е правосилна, а странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд.

Обвинителката Ивана Трајчева предложи да се определи мерка притвор за неправосилно осудените Рашковски, Димитровски, Христов поради можност истите да се дадат во бегство.

Завршни зборови за „Софтвери“: Рашковски ги изнесе аргументите со кои ги побива „седумте теории на Обвинителството“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот