Рашела Мизрахи пријавила во полиција дека ја следеле и фотографирале лица со качулки

Вчеравечер во 23 часот и 40 минути поранешната дополнителна министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, пријавила во полиција дека во неколку наврати била следена од непознати лица, потврдуваат од МВР за Слободен печат.

Според пријавителката вчера во 18 часот пред училиште ,,Крсте Мисирков“ во населбата Синѓелиќ додека била на состанок на политичка партија, возило ,,Голф“ со кумановски регистарски таблички во повеќе наврати кружело околу местото.

Истиот дена околу 19 часот на друг состанок во Хиподром клуб, две за неа непознати лица ја фотографирале со телефони и побегнале, а потоа во 20.30 часот пријавителката се упатила кон својот дом и кога излегла од возилото пред влезот на зградата ја дочекало непознато лице облечено во црн блузон и качулка кое ја фотографирало и веднаш побегнало.

,,Според пријавителката и на први јуни околу 19 часот и 20 минути на крстосницата на булеварот Илинден со улицата ,,Никола Тесла“ од возило марка “Ауди“ совозачот на тоа возило излегол, се упатил кон нејзиното возило, упатувајќи и погрдни зборови со заканувачка содржина. Исто така пријавителката навела дека и претходните месеци во неколку наврати била следена од возила (црн џип и голф) а пак во периодот јануарии февруари годинава во неколку наврати непознати лица во доцните ноќни часови помеѓу полноќ и 3 часот наутро и звонеле и тропале на вратата од нејзиниот стан. Во целиот овој период пријавителката навела дека во повеќе наврати добивала Фејсбук пораки со заканувачка и навредлива содржина за што за истото дополнително ќе го приложела” велат од МВР за Слободен печат.

Видео на денот