Марко Бислимоски Аријанит Џафери
Аријанит Џафери, син на Муса Џафери, неодамна го нападна претседателот на РКЕ Бислимовски во еден скопски ресторан, Фото: Скриншот, Фејсбук, Дојче веле

Расчистен нападот врз Бислимоски, кривична пријава за насилство против Џафери

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека случајот со нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски е целосно расчистен и дека против Аријанит Џафери ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело „насилство“.

– Во врска со случајот кој синоќа, околу полноќ, во СВР Скопје го пријави М.Б. (45) од Скопје дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје, ја известуваме јавноста дека случајот е целосно расчистен и против А.Џ. ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ, соопшти МВР.

Веднаш по пријавувањето на настанот, се вели во соопштението, преземени се соодветни мерки за расчистување, односно изготвено е писмено известување до ОЈО Скопје, извршени се разговори со сведоци на настанот, обезбедена е видеоснимка, извршен е разговор со пријавениот А.Џ., кој во целост го призна делото, и по консултација со јавен обвинител ќе биде изготвена кривична пријава за кривично дело насилство по член 386 од КЗ.

ВИДЕО | Синот на Муса Џафери го нападнал претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот