
Рампа за српски кисели краставички на хрватската граница
Пратката со краставици која беше запрена во Хрватска ќе биде вратена во Србија. После тоа, инспекцијата ќе го испита и производителот.
Препорачано
Како што е соопштено од Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ), во пратка пастеризирани краставици од Србија биле откриени остатоци од пестицидот металаксил. Металаксил фунгицидот спречува гниење на зеленчукот, а во Србија не е забранет. Меѓутоа, во Европската Унија максималната дозволена концентрација на тој пестицид во храната е 0,01 мг/кг, објави Нова.рс.
РАСФФ објави дека во октомври две пратки смрзнати капини од Србија биле запрени на границата со Хрватска и Словенија, поради нелегално количество на фугицид ипродион. На 25 октомври на границата со Хрватска беше запрена пратка со додатоци во исхраната кои наводно содржеле нелегални состојки.
И таа пратка му била вратена на испраќачот. Да потсетиме, на почетокот на август од хрватската граница беше вратена пратка чипс произведен во Србија, поради високото ниво на канцероген акриламид. Во средината на истиот месец, на хрватската граница во пратка праски пристигната од Србија е пронајдено високо ниво на пестицидот хлорпирифос, па товарот му бил вратен на испраќачот. Поради истиот пестицид, на крајот на август од хрватската граница беа вратени и сливи од Србија.