
Рама му твитна на Вучиќ: Недвосмислено да ја осудите изјавата на Вулин за „голема Албанија“ (ФОТО)
Албанскиот премиер Еди Рама го повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ недвосмислено да ја осуди изјавата на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин за „голема Албанија“ и за обединување на Србите, пренесува агенцијата Бета.
Препорачано
Рама на Твитер го запраша Вучиќ дали изјавата на министерот за одбрана за „голема Албанија“ е вистинита или во прашање е шега со која се исмејуваат „испрани мозоци кои со векови го држеа целиот регион во мрак“.

– Претседателе Вучиќ, дали ова е стварно или е меме со кое се исмејуваат испраните мозоци и простаци кои целиот наш регион го држеа со векови во мрак? – Многу сакам да е меме, бидејќи во спротивно ова би била претстава на жалното мислење што треба недвосмислено да ја осудите, наведе Рама.
Рама, покрај твитот, објави и фотографија (скриншот) од интернет страницата на Министерството за одбрана на Србија на која вчерашната изјава на Вулин дека „Рама продолжил со активности за создавање на голема Албанијасо изјавата дека Драч ќе биде косовско пристаниште“.
Вулин рече дека Европската Унија (ЕУ), како и секогаш досега, ќе „молчи“ и дека „нема да преземе ништо“, а Албанците, кои повторно ги нарече со погрдно име, „може да се обединат и може да одземаат туѓи територии додека Србите не може да бидат обединети ниту во својата земја“.
– Така се повторува лагата дека „голема Албанија е природна Албанија“, а дека Србите обединети во една држава се закана за мирот, рече Вулин.
Тој оцени дека „голема Албанија е најава за „големи несреќи, насилства, растурање на држави и нации на Балканот“ што „само обединети Срби може да ја запрат“.