Еди Рама, премиер на Албанија/Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Виена изјави дека Косово мора да ги исполни условите на Европската Унија, во спротивно ќе остане во изолација, пренесе АТА.

На конференцијата „Албанија – нов хоризонт“, Рама го оцени дијалогот меѓу Белград и Приштина под посредство на ЕУ како „голем неуспех“ и истакна дека не е постигнат никаков напредок.

– Тажен сум што нема никаков напредок. Убеден сум дека постои златен пат, рече Рама.

Тој нагласи дека Косово треба да го „направи своето домашно“ за ЕУ, без да се води според тоа што бара Србија. – Косово мора да ги исполни своите обврски и да ја достави целата тетратка со домашното пред ЕУ.

Тоа нема врска со барањата на Србија, туку со она што ЕУ го бара, рече Рама. Ако Косово постапи така, според него, тоа е во негов најдобар интерес и ќе избегне дополнителна изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот