Еди Рама/ Фото EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Рама го смени секретаријатот на Социјалистичката партија, а најавува и промени во владата

Албанскиот премиер и лидер на Социјалистичката партија Еди Рама на партиското собрание го разреши целиот секретаријат на партијата, објави Албанската пошта.

Формирањето на новото партиско раководство се очекува во септември. Разрешен е претходниот генерален секретар на Социјалистичката партија Дамијан Џикнури, а на негово место дојде Бленди Кљоси, а секретарите за организација, правни и изборни прашања, човечки ресурси, координација, дигитални прашања, женски прашања, надворешни работи за миграција беа разрешени.

Повикувајќи се на неименуван извор, Албанската пошта наведува дека Рама најавил промени и во Владата на Албанија и дека со ова прашање ќе се занимава во наредните денови. За претседател на пратеничката група на социјалистите е избран разрешениот министер за внатрешни работи Блејди Ќучи, а за нов министер е назначена Тулан Баља.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот