twitter@cskabasket

Рајковиќ со ЦСКА го врати „брејкот“ против Локомотив Кубан

Koшаркарите на ЦСКА Москва предводени од македонскиот стратег, Емил Рајковиќ славеа на гости кај Локомотив Кубан со 79:73 и така го вратија „брејкот“ и изедначија на 2:2.

Натпреварот беше одлучен со одличната последна четвртина која избраниците на Рајковиќ ја добија со 24:16.

Со победата ЦСКА се врати во трка за пласман во финалето на ВТБ лигата. Следниот натпревар помеѓу ЦСКА и Локомотива се игра на 25-ти април.

Ќе потсетиме, Рајковиќ сезонава веќе беше избран за најдобар тренер во ВТБ лигата и за него ова беше второ вакво признание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот