Фото: Pexels/ Skitterphoto

„Рајанер“ ги намалува цените поради спор со платформите за патување

Нискобуџетната авиокомпанија Рајанер објави дека ги намалува цените на билетите како резултат на тоа што неколку платформи за патување преку Интернет одбиваат да ги продаваат нејзините услуги.

Пониските цени главно ќе бидат за летовите во периодот јануари-март, а особено за бугарскиот пазар, авиокомпанијата веќе објави понуди за 24,99 евра, а за дестинации како Малта и Пафос – дури од 14,99 евра. Билетите мора да се купат до 31 јануари од веб-страницата на компанијата. На крајот на минатата година, Букинг.ком, Киви, Кајак и другите платформи за онлајн резервации одеднаш престанаа да нудат билети за летовите на Рајанерr поради тензии и судски спорови со авиокомпанијата, објави „Сега.бг.њус.

Нискобуџетната компанија ги нарекува „пирати“ и ги обвинува дека им наметнуваат високи доплати на клиентите кои преку нив купуваат авио билети. Сепак, авиокомпанијата рече дека не очекува „материјално“ влијание врз нејзината прогноза за бројот на патници или профит во тековната финансиска година, која завршува во март, објави Фајненшл тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот