
Рајан Гигс ослободен од сите обвинувања за напад на поранешната девојка
Eкс-фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс е ослободен од обвинението за напад на неговата девојка, објавија британските медиуми.
Препорачано
Обвинителството денес го повлекло обвинението и Гигс е прогласен за невин по сите три точки.
Ќе потсетиме, Велшанецот беше обвинет за напад на неговата тогашна девојка Кејт и нејзината помлада сестра, Ема во ист инцидент кој се случил на први ноември 2020 година. Исто така се обвинуваше и за „контролирано и прислно однесување“ кон неговата поранешна девојка во период од три години (од август 2017 до ноември 2020).
„Намерата на Рајан сега е да го обнови својот живот и кариера како невин човек“, изјави адвокатот на Гигс.
Како фудбалер, Гигс целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед за кој одигра 963 натпревари, постигнувајќи 168 гола и освојувајќи бројни трофеи од кои 13 само во Премиер лигата.
Дресот на репрезентацијата на Велса го носеше на 64 натпревари и 12 пати се запиша во листата на стрелци.
BREAKING: Ryan Giggs will not face a re-trial on allegations of assault against his ex-girlfriend, after all charges were withdrawn by the prosecution. pic.twitter.com/J0wjdRO8uH
— Sky Sports News (@SkySportsNews) July 18, 2023