Фото: илустрација / Архива на Слободен печат

Радовишанец ќе одговара – лани добил скоро 33.000 евра, а на државата не ѝ платил ништо

Жител на Радовиш ќе одговара за затајување данок во вредност од над 3.000 евра, откако лани добил голем паричен прилив на којшто не платил данок, соопшти МВР.

„ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против С.К.(37) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Во текот на 2024 година во Управата за јавни приходи, пријавениот не пријавил прилив на парични средства во износ од 32.885 евра, со што избегнал да плати персонален данок на доход во износ од 202.176 денари“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот