Радмила Шекеринска / фото: Министерство за одбрана

Радмила Шекеринска стана втор човек на НАТО

Поранешната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Брисел беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО и ќе му биде заменичка на Марк Руте.

-Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучи на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа витална улога – порача Руте.

Шекеринска претходно ја извршуваше функцијата вицепремиер за европски интеграции и министер за одбрана на Северна Македонија, вклучително и пред влезот на земјата во НАТО Алијансата во 2020 година.

„Политико“ летово објави дека Шекеринска се наоѓа во потесниот круг на кандидати за функцијата заменик на генералниот секретар на НАТО.

-Можеби функцијата ќе ѝ припадне на жена од Источна Европа – изјави тогаш поранешната портпаролка на НАТО, Оана Лунгеску за „Политико“.

Политико: Шекеринска е фаворит во трката за втор човек на НАТО

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот