Румен Радев, претседател на Бугарија/Фото: Скриншот

Радев: Народот во Северна Македонија губи историско време

„Со претседателката Сиљановска ова ми беше трета средба и мислам дека тонот на односите, конструктивен дијалог, прагматичен и отворен дијалог што го поставуваме со претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска, треба да го усвои и владата на РСМ. Двете претседателски институции покажуваат дека дијалогот е можен, туку може да биде отворен, конструктивен и може да придонесува за развојот за добрососедство меѓу нашите две држави“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев одговарајќи на новинарски прашања во Баку, по средбата со Сиљановска.

Тој додаде дека со македонската претседателка зборувале за многу суштински прашања.

– Не е проблемот само со навремено внесување во Уставот на Северна Македонија. Ние очекуваме владата и парламентот на Северна Македонија поскоро да го спроведат сето што е предвидено во Преговарачката рамка и во Договорот за добрососедство, за Република Северна Македонија да не губи историско време за своето членство – рече Радев.

На новинарско прашање од бугарските новинари дали гледа желба од македонска страна за членство во Европската Унија или постои друга насока на македонската дипломатија, одговори:

-Сè ќе стане јасно во блиска иднина. Доколку државното раководство на РСМ навистина има желба за влез во Европската Унија, мора да ја исполни Преговарачката рамка и договорот за добрососедство. Тоа е многу јасно – одговори Румен Радев.

Бугарскиот претседател пред бугарските новинари во Баку ја коментираше изјавата на Сиљановска дека тој е „најстабилниот елемент во Бугарија“ и нагласи дека тоа е така зашто тие двајца даваат тон на еден можен, компаративен и отворен дијалог.

-Се надевам дека тонот на двете претседателски институции треба да го следи и Владата на РСМ. Мојот став е дека владата на државата треба да работи така што да не гледаме јазик на омразата. Мојот став е во такви ситуации да размениме информации затоа што не прилега јазик на омразата во националните, државни работи. Ние можеме да започнеме работа, како гест на добра волја да се променат некои текстови во учебниците кои не говорат добро за нашата држава. Зборувам за учебниците во Северна Македонија. Тоа може да тече паралелно и да придонесува за градба на доверба. Очекувам да одиме во таа насока. Инаку во Северна Македонија, едноставно народот во Северна Македонија губи историско време – заклучи Радев.

Сиљановска и Радев се сретнаа во Баку: Отворени ви се вратите во Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот