
Рации во Берлин, се трага по златникот вреден неполни четири милиони евра
Берлинската полиција денеска изврши претрес во повеќе станови и златарници поради сомнеж дека би можеле да се поврзани со обидите за препродажба на огромен канадски златник од 100 килограми, кој е украден во 2017 година од музеј во германскиот главен град.
Препорачано
Златникот, чија вредност е проценета на 3,75 милиони евра, е украден од берлинскиот музеј Боде во 2017 година и се уште не е пронајден.
Рациите биле насочени кон осуммина осомничени, на возраст меѓу 14 и 51 година, од различни националности, соопшти полицијата.
Се наведува дека тие се дел од организацијата која набавува украдено злато, со цел да го стопи и искова фалсификувани колекционарски монети, а потоа ги продава како оригинални во златарници, кои се сопственост на членови на групата или нивни роднини.
При истрагата се откриени фалсификувани ковани монети, фалсификувани алати и огромна сума пари.
– Се врши проценка на доказите. Меѓу другото, се испитува и евентуална поврзаност со кражбата на големиот златник од музејот Боде, наведува полицијата.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
45сек
-
14мин
-
32мин
-
32мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5