стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Триесет и осумгодишен работник од Кина загинал во фабрика во Кавадарци. Според полицискиот билтен, несреќата во Кавадарци се случила околу 12:10 часот, кога 38-годишниот кинески државјанин Г.Х. бил удрен од кран додека извршувал работни задачи во фабрика. Од здобиените повреди починал на самото место. Лекар од Итна медицинска помош ја констатирал смртта, а увид извршил јавен обвинител со екипа од ОВР Кавадарци.

Од Државното јавно обвинителство соопштија дека првичните сознанија упатуваат на тоа дека починатиот во земјава пристигнал кон крајот на август, но и покрај тоа што престојот и работниот однос не му биле целосно регулирани, тој веќе бил ангажиран во фабриката.

„Бил притиснат од кран на висока платформа и претрпел тешки телесни повреди од кои починал“, информираат од обвинителството.

Издадени се наредби за обдукција, за машинско вештачење на кранот, како и за проверка на документацијата и почитувањето на прописите за заштита при работа. Се испитува и можноста за сторени тешки дела против општата сигурност.

Несреќа во Делчево: 30-годишен работник загина по пад во фабрика

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот