Фото: Screenshot

Работнички го дозна противникот во квалификациите за младинската Лига на шампиони

Младинската екипа на Работнички, актуелен шампион во оваа категорија во македонскиот фудбал, го доби својот прв предизвик на европската сцена. На денешната ждрепка во Нион, швајцарскиот седиште на УЕФА, беше одредено скопскиот тим во првото квалификациско коло од УЕФА Младинската Лига на шампиони да се сретне со тимот на Шелбурн од Ирска.

Во случај да го мине ирскиот претставник, Работнички во втората рунда ќе се соочи со словачката Жилина. Новата сезона во младинската ЛШ започнува на 16 септември, а ќе трае до 20 април 2026 година.

Ова е седмо учество на Македонија во квалификациите за ова натпреварување. Досега, таму настапуваа Шкендија (три пати), Вардар, Победа и Брера Струмица, но ниту еден од претставниците не успеа да оствари победа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот