Претседателот на Русија, Владимир Путин EPA-EFE/KRISTINA KORMILITSYNA / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Путин: Зајакнувањето на врските со африканските земји е приоритет за Русија

Владимир Путин денес за време на разговорот со потпретседателот на Јужноафриканската Република, Пол Машатиле, изјави дека зајакнувањето на врските со африканските земји е приоритет за Русија.

За време на разговорот со Машатиле, во рамките на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, Путин изјави дека односите меѓу Русија и Република Јужна Африка се развиваат успешно.

„Односите меѓу Русија и Република Јужна Африка успешно се развиваат врз принципите на сеопфатно стратешко партнерство, рамноправност и меѓусебно почитување“, рече Путин.

Путин исто така рече дека е во постојан контакт со претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот