
Путин се подготвува да нападне друга европска земја, вели Зеленски
Рускиот претседател Владимир Путин подготвува нова ескалација и ќе ја прошири војната надвор од Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Препорачано
Тој ја обвини Русија за серија напади со беспилотни летала на европска територија во последните денови, оценувајќи дека тоа е обид за тестирање на одбранбените капацитети на НАТО.
-Путин нема да чека да ја заврши војната во Украина. Тој ќе отвори друг правец. Никој не знае каде. Тој го сака тоа – изјави Зеленски, пренесе Гардијан.
Според него, Кремљ свесно ја тестира европската воздушна безбедност, откако беспилотни летала беа забележани над Данска, Полска и Романија, а три руски борбени авиони наводно го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Зеленски потсети дека претходно овој месец Украина забележала 92 дрона кои летале кон Полска, од кои 19 преминале на полска територија. Полските сили собориле четири.
„Не ги споредувам нашите сили. Ние сме во војна, а Полска не е“, изјави Зеленски.
Тој додаде дека претставници на неколку европски земји ќе дојдат во Украина за да добијат практична обука за одбрана од руските воздушни напади.