Путин и Си Џипнг EPA/SUO TAKEKUMA / POOL

Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување

Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот претседател Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана да започне конкретно разгледување на кинеските предлози, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во северниот кинески град Тјанџин.

„Сè повеќе земји се обидуваат да соработуваат со ШОС, а искрениот интерес и вниманието на светската заедница кон оваа организација расте. Здружувањето би можело да стане најважниот фактор во формирањето на пофер систем на глобално управување“, рече Путин и повика на враќање на традиционалните вредности на меѓународната агенда.

Вкупниот БДП на земјите од ШОС расте побрзо од светскиот просек и покрај тешкотиите во глобалната економија, а според рускиот лидер, „Москва ја поддржува иницијативата на Си Џинпинг за глобално управување и е заинтересирана за конкретно разгледување на предлогот“, пренесува Спутник.

Денес на самитот на ШОС, кинескиот претседател Си Џинпинг претстави иницијатива за „глобално управување“ за создавање пофер глобален систем.

На самитот на ШОС учествуваат, меѓу другите земји, Азербејџан, Египет, Индонезија, Турција, како и ОН, АСЕАН, Евроазиската економска унија, ОДКБ и ЗНД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот