Владимир Путин
Владимир Путин /Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL

Путин потпиша указ, и Русите со двојно државјанство ќе можат да бидат регрутирани

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој им се овозможува на Русите со двојно државјанство да служат во вооружените сили на земјата, пишува Москва Тајмс.

Изменетата регулатива сега значи дека оние кои имаат статус на постојан престој во странство може да бидат регрутирани во армијата.

Граѓаните со двојно државјанство претходно беа ослободени од служење воен рок.

Во септември Путин нареди делумна мобилизација во Русија откако земјата се соочи со воени неуспеси во Украина и рече дека се потребни поголем број војници за да се добие војната не само против Украина, туку и против нејзините западни поддржувачи.

Министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека Русија ќе регрутира 300.000 резервисти за поддршка на нејзината воена кампања. Тоа беше прва мобилизација во Русија по Втората светска војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот