Евгениј Пригожин (лево) му сервира специјалитет на Путин во ресторанот „Шевал блан“ во 2011 година /Фото: Misha Japaridze/Pool/File Photo / East2West News / Profimedia

Путин најави финансиска истрага за угостителската компанија на неговиот поранешен главен готвач Пригожин

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска најави дека ќе биде спроведена финансиска истрага во угостителската компанија на Евгениј Пригожин, шефот на платеничката паравоена формација „Вагнер“, додавајќи дека таа и нејзиниот основач минатата година добиле речиси две милијарди долари од руската држава.

Путин првично вети дека ќе го задуши бунтот, споредувајќи го со превирањата од Првата светска војна кои довеле до Октомвриската револуција во 1917 година, а потоа и до граѓанска војна. Но, подоцна беше постигнат договор кој му овозможи на Пригожин и некои од неговите десетици илјади војници да се префрлат во Белорусија.

Путин, обраќајќи им се на припадниците на руската армија на состанокот во Кремљ, истакна дека отсекогаш ги почитувал борците на „Вагнер“, но и дека факт е дека групата е „целосно финансирана“ од државниот буџет, потенцирајчи оти паравоената група добила 86 милијарди рубљи (околу една милијарда евра) од мај 2022 до истиот месец од годинава од руското Министерство за одбрана.

„Конкорд“, угостителската компанија на Пригожин, заработила и 80 милијарди рубљи (935946 долари)од владините договори за снабдување на руската војска со храна, рече Путин.

„Се надевам дека никој ништо не украл или, да речеме, украл помалку како дел од таа работа, но ние, се разбира, сè ќе истражиме“, наведе Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот