Мапа на Украина и Русија/ Фото Profimedia

Путин им честита на руските граѓани за Денот на повторно обединување на украинските територии

Рускиот претседател Владимир Путин им честита на граѓаните на Русија за Денот на повторно обединување на украинските територии – самопрогласените Донецки и Лугански републики и Запорошкиот и Херсонскиот регион со Русија, нагласувајќи го историското значење на овој настан.

„Пријатели, граѓани на Русија, ви упатувам искрени честитки за овој празник – Денот на повторно обединување на Донецките и Луганските народни републики и Запорошкиот и Херсонскиот регион со нашата голема, обединета земја. Пред три години, на референдуми одржани во Донбас и Новоросија, милиони наши сонародници слободно и независно ја избраа својата иднина“, рече Путин во видео порака, пренесува ТАСС.

Путин во прва посета на линијата на фронтот во Курск / 12 март 2025 година / фото: Јутјуб

Путин нагласи дека жителите на овие историски региони го остварија својот долгогодишен сон.

„Тие го исполнија сонот што го негуваа со години и донесоа решителна, историска одлука: да бидат со својата татковина, со Русија, да се вратат во своето родно семејство од кое отсекогаш биле дел“, додаде рускиот претседател.

Тој истакна дека целата земја води „битка“ за одбрана на овој избор и зачувување на националните интереси, заедничкото сеќавање и вредности.

Од 23 до 27 септември 2022 година, во самопрогласените републики Донецк и Луганск, како и во Запорожје и Херсонското подрачје, се одржаа референдуми за приклучување кон Русија.

Мнозинството жители гласаа за овој чекор, а на 30 септември Путин и лидерите на овие региони потпишаа договори за приклучување на овие украински територии кон Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот