путин и си џинпинг
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џипинг EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Путин и Си преку видео врска ги договарале идните заеднички планови на Кина и Русија

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг утринава разговарале преку видео врска, јавија кинеските медиуми.

Утрото на 21 јануари, кинескиот претседател Си Џинпинг одржа видео-конференција со рускиот претседател Владимир Путин во Големата сала на народот во Пекинг“, се вели во соопштението на новинската агенција Ксинхуа.

За време на разговорот рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг ги сумирале  нивните заеднички активности во изминатата година и ги истакнаа новите планови за развој на односите меѓу двете земји за време, се наведува во соопштението.

Путин и Си истакнаа дека Русија и Кина се заеднички посветени на градење поправеден мултиполарен светски поредок и обезбедување безбедност во светот, а Москва и Пекинг градат односи засновани на пријателство и взаемна доверба.

„Надворешно-политичките врски меѓу Русија и Кина играат важна стабилизирачка улога на светската сцена“, било нагласено во разговорот, пренесува РИА Новости.

Кога станува збор за економската соработка, беше истакнато дека трговскиот промет меѓу Кина и Русија е зголемен за повеќе од седум отсто во првите 11 месеци од минатата година и достигна повеќе од 220 милијарди долари.

Според кинеската статистика, во текот на 2024 година трговскиот промет меѓу двете земји изнесувал речиси 245 милијарди долари.

Путин и Кси истакнаа дека Русија и Кина спроведуваат успешни проекти во индустријата, транспортот, земјоделството и други области.

На состанокот со членовите на владата на почетокот на јануари, рускиот претседател најави дека наскоро планира телефонски разговор со Си, пренесоа руските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!