Фото: EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ / KREMLIN POOL/SPUTNIK / POOL MANDATORY CREDIT

Путин го повика НАТО: Запрете со распоредување на ракети, ние се придржуваме до Мораториумот

Рускиот претседател Владимит Путин денеска повторно го повика НАТО да го запре распоредувањето на ракети со краток и среден дострел, потенцирајќи оти Русија и натаму се придржува до мораториумот за распоредување на ракети.

– Потврдувам дека се придржуваме до мораториумот за распоредување на ракети со краток и со среден дострел, посочи Путин.

Тој претходно рече дека повлекувањето на САД од ИНФ е сериозна грешка што го зголемува ризикот од трка во вооружување.

Американскиот секретар за одбрана, Марк Еспер претходно најави дека во текот на неделата САД ќе го зголемат бројот на ракети со краток и со среден дострел во Европа.

Тој посочи дека тоа е поврзано со зголемувањето на бројот на такви ракети во Русија и во Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!