Убиства во црква во Кентаки/Фото: Ryan Hermens / Zuma Press / Profimedia

Во пукање во црква во Кентаки убиени две жени, тројца повредени

Маж вчера отвори оган во црква во Кентаки, САД, при што загинаа две жени, а три други лица се повредени, вклучувајќи двајца мажи кои се хоспитализирани.

Жртвите, на возраст од 72 и 32 години, беа пронајдени мртви во баптистичката црква во Лексингтон. Двајца од парохијата беа сериозно повредени, едниот хоспитализиран во критична состојба, а другиот во стабилна состојба.

Сторителот, за време на сообраќајна контрола, застрелал еден државен полицаец, а потоа украл автомобил и се упатил кон црквата. Влегол во храмот и почнал да пука кон присутните.

Полициските сили веднаш пристигнале на местото на настанот. По престрелката тие го „неутрализирале“ сторителот, кој им подлегнал на раните. Од досегашните истраги, властите веруваат дека осомничениот имал врска со луѓе во црквата.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешир, објави на Икс дека „вакво насилство нема место во нашата земја“.

Инцидентот го истражува државната полиција на Кентаки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот