фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

ПСЖ славеше над Пик Сегед во првиот меч од осминафиналето во ЛШ

Во првиот натпревар од осминафиналето во ракометната Лига на шампионите на гостински терен триумфираше ПСЖ над Пик Сегедд со 31:30.

После првото полувреме играчите на ПСЖ исто така имаа минимална позитива од 14:13.

Во текот на вториот дел француската екипа еднаш стигна и до „плус четири“ предност, на крајот Унгарците ја намалија негативата за одржување на шансите во овој двомеч.

Во победничките редови Шипжак имаше осум погодоци, два повеќе од Пранди.

На спротивната страна шест голови запиша Кукиќ, а по пет забележаа Шоштариќ, Бодо и Банхиди.

Реваншот ќе се игра на 3 април на теренот на ПСЖ. Победникот од оваа пресметка во четвртфиналето ќе игра против Барселона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот