Фото: EPA-EFE/OLAF KRAAK

ПСЖ по само една сезона го враќа Чави Симонс, но иднината ќе му зависи од Мбапе и Нејмар

По само една година, Пари Сен Жермен ќе го врати офанзивецот Чави Симонс, објави италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо.

Холанѓанецот кој има 20-години минатото лето од „Паркот на Прицовите“ си замина како слободен играч и во татковината одигра одлична сезона.

Младиот фудбалер на 34 натпревари во холандското првенство постигна 19 голови и подели девет асистенции, така го натера ПСЖ да ја активира повратната клазула за шест милиони евра. Симонс имаше договор со ПСВ со 2027 година, но и клазула според која ПСЖ може да го врати.

Сепак, според најавите ако Нејмар и Мбапе останат во тимот ќе оди на позајмица. Сагата околу Мбапе и неговиот трансфер во Реал Мадрид се уште е во тек, додека во последно време се шпекулира за заминување на Нејмар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот