Фото: EPA/JUSTIN LANE

ПСЖ не се шегува: Гигантот од Париз може да го сруши светскиот рекорд кој го постави во 2018 година

Само неколку дена откако беше херој на Челси со одличен настап против ПСЖ во финалето од Светското клупско првенство, Кол Палмер сега се поврзува со гигантот од Париз.

Францускиот гигант не губи време. Според медиумите во Франција, ПСЖ е подготвен да плати астрономски 250 милиони евра за англискиот репрезентативец. Ако трансферот се реализира, Палмер ќе го симне Нејмар од тронот на најскап фудбалер во историјата, Бразилецот во 2017 година премина во ПСЖ за 222 милиони евра и до денес никој не направил поскап трансфер.

Со тоа, парижаните би ги држле трите најскапи трансфери во фудбалската историја, Нејмар, Мбапе (180 милиони од Монако) и евентуално Палмер, кој со само 22 години важи за еден од најдобрите фудбалери во светот во овој момент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот