Уго Екитике/фото: www.stade-de-reims.com

ПСЖ го комплетира нападот, го договори Екитике

Екипата на ПСЖ под водство на новиот спортски директор Луис Кампос одлучи летово да не се расфрла со пари бркајќи ги најголемите ѕвезди и ангажира млади и талентирани фудбалери како Уго Екитике од Рем.

Кампос не сакаше да плати 50 милиони евра отштета на Сасуоло за италијанскиот репрезентативец Џанлука Скамака и успеа да го натера Екитике да го смени мислењето.
Младиот 20-годишен напаѓач претходно се договори со Њукасл, но откако доби повик од ПСЖ, го смени мислењето и прифати да се пресели на „Паркот на принцевите“.

Се очекува двата тима лесно да се договорат за трансферот, Ремс претходно бараше 30 милиони евра од Њукасл, а ПСЖ е подготвен за плати пет милиони евра повеќе.

Уго Екитике кој е член на младата репрезентација на Франција,  минатата сезона за Рем постигна 10 гола во Лига 1.

Екитике ќе биде второто засилување за ПСЖ во летниот преден рок, откако претходно на „Паркот на принцевите“ пристигна Витиња од Спортинг Лисабон и ќе го комплетира нападот за следната сезона.

Главни во нападот на ПСЖ ќе бидат Килијан Мбапе, Нејмар и Лионел Меси, а новиот тренер Кристоф Галтие не смета на Мауро Икарди и сака шанса да му даде на младиот Екитике.

Следна цел на ПСЖ ќе биде засилување на одбраната и тоа се дефанзивецот на Интер, Милан Шкринијар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот