
ПСЖ без најдобриот фудбалер во реваншот против Арсенал?
Од редовите на Пари Сен Жермен (ПСЖ) потврдија дека крилниот напаѓач Осман Дембеле има повреда на задната ложа, што го доведува во сериозно прашање неговиот настап во реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал следната недела.
Препорачано
Францускиот репрезентативец беше клучен фудбалер на ПСЖ во првиот натпревар одигран во Лондон, каде што го постигна единствениот погодок уште во четвртата минута, совладувајќи го голманот Давид Раја. Со таа победа од 1-0, парижани стекнаа минимална предност пред решавачкиот дуел во Париз.
Сепак, Дембеле мораше да ја напушти играта во второто полувреме и од тогаш не тренира. Клубот попладнево објави лекарски извештај во кој ја потврди повредата на францускиот фудбалер.
„Осман Дембеле има истегнување на задната ложа од десната нога. Состојбата му се подобрува, а наскоро ќе се направи нова проценка.“
ПСЖ викендов ќе игра против Стразбур, но со оглед на тоа што веќе го обезбедија шампионскиот трофеј во Лига 1, се очекува тренерот Луис Енрике да го одмори главниот состав и да не ризикува со натамошни повреди.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
32мин
-
60мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5