
Прво ја изневери, а пред девет дена се прошетаа како среќно семејство! Сега актерката се појави без прстен на рака! (ФОТО)
Џесика Бил (37) е видена во саботата напладне додека купувала храна во Беверли Хилс.
Препорачано
Актерката која е во брак со Џастин Тимберлејк (39), не го носеше веренички прстен, а тоа предизвика лавина од коментари за нивниот брачен однос.
Џесика во црвен комбинизон и со очила за сонце се појавила со кеси со намирници и влегла во автомобилот.
Преку комбинизонот носела волнен џемпер, а она што на сите им паднало во очи е тоа што не го носела прстенот.
Ова само ги подгреа гласините дека нејзиниот брак со пејачот не се „опоравил“ од ноември минатата година, кога Џастин беше виден како се држи за раце со колешката Алиша Вејнрајт (30).
Џастин тогаш беше сликан со Алиша, со која снимаше филм. Двајцата се смешкале, а Вејнрајт го држеше пејачот и за колено.

Откако тоа излезе во јавноста, Тимберлејк набрзо се огласи на Инстаграм и се извини на сопругата.
– Погрешив, но ништо не се случи помеѓу мене и колешката. Премногу испив таа вечер и жалам поради моето однесување. Требаше да се однесувам подобро. Ова не е пример кој сакам да го дадам на мојот син – истакна Џастин и додаде дека се извинува на најблиските што го посрамотил своето семејство.
Џастин и Џесика ја крунисаа својата љубовна врска во 2012 година, а го имаат синот Силас (5).
Инаку, годинава пејачот за денот на вљубените објави фотографија со Џесиска и напиша: „Навраќање кон нашата прва заедничка година. Не е тешко да се забележи од мојот лик. Кога знаеш, знаеш“ – сакајќи да каже дека од почетокот знаел дека таа е вистинската жена за него.