
Првиот синдикалец им фрли ракавица на политичарите: Една година сите да примаат 500 евра, ама да гласаат за исто толкав минималец за работниците!
Трендафилов потсети дека за среќа тој и неговите колеги не примаат плата од Буџетот, туку дека се финансираат од синдикалната членарина. Според податоците од УЈП, 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380 илјади работници се под просечната
Сите избрани и именувани функционери, вклучително и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, од денес да примаат плата од 500 евра, ама во Парламентот да биде изгласан закон со кој минималната плата на работниците ќе биде 500 евра, а на другите работници платите да им се качат за 100 евра. Ова фрлената ракавица од Трендафилов, по жестоките напади кои раководните лица на ССМ ги трпат од пратениците на владејачката партија.
Препорачано
-Сите ние заедно да примаме 500 евра плата, една година. Јас немам никаков проблем со тоа, да ги видам нив – порача јавно Трендафилов и ги повика сите министри од Владата, пратениците, директорите и шефовите, кои се на државна сметка цел живот, да примаат 500 евра минимална плата, колку што ќе примаат близу 200.000 работници.
Тој се осврна и на нападите кои доаѓаа на негова сметка од пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Очекувам на првата наредна прес-конференција, колегата да каже кој број на чевли носи Слободан Трендафилов. Доколку промаши, тоа ќе значи дека сѐ што досега кажал е лага и никој нема да му верува. Не е сериозно пратеник, со 118.000 денари да го осудува претседателот на ССМ, за 60.000 плата. Несериозно е да гледаат дека нема никакви реакции за 60.000 плата, да измислуваат дека друг синидкален функционер прима 70.000 денари, а трет- 104.000 денари. Го повикувам да даде од неговата плата, за да ми ги надополни овие 15.000 денари кои ги немам и секој месец да имам 75.000 денари, за да не лаже – рече Трендафилов.
Трендафилов потсети дека за среќа тој и неговите колеги не примаат плата од Буџетот, туку дека се финансираат од синдикалната членарина.
-Ние сме избрани од работниците да ги трпиме сите удари. Од синдикалната членарина се финансираат сите протести и штрајкови, работниците ја финансираат активноста за раст на платите на сите вработени. За жал само 1 од 10 работници во земјава е члена на Синдикатот. Може да замислите да бевме 250 илјади, ќе бевме многу помоќни и никој немаше да си игра со нас и да не понижува – додаде Трендафилов.
Според Трендафилов, нападите кои се прават кон ССМ во изминативе денови, нема да променат апсолтуно ништо.
-Лично да кажам „што кај мене ви личи дека ми е гајле за вшето мислење за мене“. Тоа што го правам и со 60.000, би го правел и да имам 300.000 денари плата. Не отстапуваме од целта за повисока минимална плата и за зголемување на сите дртуги плати. Кај го има тѕоа, Владата да биде против работниците и да не се грижи за нив. Последен показател за тоа се мизерните 7 отсто зголемување во образованието. Во исто време, министерката за образование и претседателот на СОНК, се бранат еден со друг, додека вработените изразуваат незадоволство од ваквиот начин на зголемување на платите – посочи Трендафилов.
Според податоците од УЈП, 250.000 работници примаат плата до 32.000 денари, а 380 илјади работници се под просечната.
-Затоа се жестоките напади кон ССМ за да не им се зголемат платите на овие 380 илјади работници од вкупно 520 илјади. Ова е нечовечки однос, повреда на Уставот и на меѓународните конвеннции на трудот, за што се известени сите меѓународни синдикати. И конечно прашувам дали ако го нема Слободан Тредафилов или ССМ, сите ќе живееме среќно и весело. НЕ – порача претседателот на ССМ.
Инаку, утре со почеток во 12.5, часот, 300 членови на највисокото раководство на ССМ ќе ја отворат јавната седница пред Работничкиот дом. Протестот ќе продолжи пред Парламентот и пред Стопанската комора, каде ќе порачаат дека „подадената рака денес, може утре да стане стисната тупаница“ и ќе завршат пред Владата, за да порачаат дека таа не може да се одлучува за работниците без работниците.
ССМ има бројки за репрезентативност, другите синдикати немаат
Претседателот на ССМ не знае кога ќе се одржи следната седница на Економскос-цијалниот совет и ги упати новинарите да се обратат на друга адреса.
-Комисијата за репрезентативност конечно започна со работа и почна да ги разгледува списоците. Таа ќе работи до крајот на неделата бидејќи тоа е обемна документација. Ние веќе ги доставивме списоците за повеќе од 63.000 членови на ССМ, ние располагаме со потребната бројка и мислам дека за многу брзо време ќе се потврди репрезентаивноста, се разбира ако не се направи некој друг упад. Она што е жално е што досега ниту еден друг синдикат, нема поднесено доказ за репрезенативност, ниту пак имаат толку членови како ССМ, иако до нас пристигнуваат податоци дека директорите на многу јавни претпријатије делат пристапници за КСОМ – додаде Трендафилов.