КроКјуб ФОТО/Фејсбук

Првиот хрватски сателит освои меѓународна награда

Првиот хрватски сателит „КроКјуб“ ја освои меѓународната награда Мали сателити на годината – Почетник на годината 2025, која ја доделува Американскиот институт за аеронаутика и астронаутика како дел од Конференцијата за мали сателити во Солт Лејк Сити, САД, пренесува Индекс.

Оваа награда се доделува секоја година на најуспешните нови мисии во вселенската индустрија, а победникот го избираат експерти и пошироката јавност со гласање.

 

„КроКјуб“ ја заслужи номинацијата благодарение на својот успех и меѓународно признание, постигнато и покрај скромните ресурси, наведуваат во соопштението за медиумите и додаваат дека со освојувањето на оваа титула, хрватскиот сателит сега е официјално признат како најдобар во својата категорија на светско ниво.

„Од дното на нашите срца, им се заблагодаруваме на сите што гласаа и ја поддржаа оваа мисија. Вашиот глас одекна во вселената и се врати дома со историско признание за Хрватска“, соопшти тимот на КроКјуб.

Првиот хрватски сателит „КроКјуб“ беше лансиран на 21 декември 2024 година со ракета „Фалкон 9“ од базата Ванденберг во Калифорнија. Видеото на кое се гледа Хрватска е снимено на 28 јануари 2025 година во 08:16 часот по хрватско време, по што е преземено на компјутер и детално анализирано за да се утврди што има на него.

Шефот на мисијата „КроКјуб“, Даниела Јовиќ, истакна дека вселенските слики од првиот хрватски сателит претставуваат неверојатно достигнување за Хрватска, го потврдуваат успехот на мисијата и ја отвораат вратата за идни вселенски проекти.

„На сликата што ја испрати од орбитата, може да се види територијата на Хрватска со делови од Италија и Словенија. Иако поголемите делови се покриени со облаци, преку нив можете да ги препознаете контурите на копното, масивите и планинските венци што го обликуваат тој регион“, изјави таа.

Првата слика и другите снимки наскоро ќе бидат достапни за јавноста преку официјални канали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот