Јаир Лапид/ Фото EPA-EFE/ABIR SULTAN / POOL EPA POOL

Првиот човек на израелската опозиција го повика Нетанјаху да поднесе оставка

Лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, денеска го повика премиерот Бенјамин Нетанјаху да поднесе оставка поради, како што оцени, лошото справување на владата со војната против палестинскиот Хамас.

Лапид кажа дека сака создавање „национална реконструкциска влада“, која би можела да биде предводена од партијата Ликуд на Нетанјаху, но не и од Нетанјаху, кој мора да си замине, јави Би-Би-Си.

Лапид на платформата Х напиша дека израелската армија и јавноста покажале отпор по смртоносниот напад на Хамас на југот на Израел на 7 октомври, но дека во сето тоа „најслабата алка е владата, особено премиерот“.

„Слушам приказни дека сега не е вистинско време (за промена). Чекавме 40 дена, нема повеќе време. Она што ни треба веднаш е влада која нема да се занимава со ништо друго освен со безбедноста и економијата“, кажа Лапид.

Лапид не ѝ се придружи на израелската воена влада што беше формирана веднаш по нападот од 7 октомври, за разлика од вториот член на опозицијата, Бени Ганц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот