Хрватска маркети Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Првата евтина продавница за храна во Бугарија ќе почне со работа до Нова Година!

Првата „Продавница за луѓе“ во Бугарија се отвора до крајот на годината со најмалку 30 производи. Активно се работи на финализирање на асортиманот на производи. Во моментов се водат разговори со партнери и добавувачи за да се гарантира избор на најпотребни производи за секое домаќинство.

Целта е да се понудат најмалку 30 производи на почетокот и тоа да се случи пред крајот на годината, објави Министерството за земјоделство кога беше прашано зошто се одложува отворањето на првата локација, планирана да се отвори во септември во регионот на Пловдив.

„Приоритет на менаџментот на компанијата е да се лансира одржливо и со потребната транспарентност со цел да се создаде доверба кај потрошувачите преку обезбедување производи со гарантиран квалитет и прифатливи цени. Ова ги става интересите на луѓето на прво место“, прецизира оддело пишува Телегаф.бг.

Одлуката за создавање на продавниците е евидентирана во Законот за државен буџет за 2025 година. Нивната главна цел е да ги исполнат очекувањата за обезбедување широк јавен пристап до храна и други основни производи по ниски цени и со минимални трговски маржи до 10%, со приоритет даден на производи од бугарски производители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот