
ВИДЕО | Првпат по трагедијата во Кочани, придружниот вокал на „ДНК“ Ана Костадиновска, застана на сцената и запеа
По повеќе од два месеци од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 62 лица, придружниот вокал на групата „ДНК“, Ана Костадиновска повторно застана на сцената и запеа. Таа настапи во Валандово заедно со Каролина Гочева.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Инаку, Ана заедно со починатата Сара Пројковска беа придружни вокали на бројни пејачи и групи во земјава. Овој пат Ана стоеше сама, но сепак успеа да направи голем чекор кон закрепнувањето од трагедијата што ја потресе Македонија и регионот.
Иако болката секогаш ќе тлее, Ана со помош на Каролина и целиот бенд со кој соработува години наназад, одлучи повторно да застане на сцената и да запее.

Потсетуваме, меѓу 62-те жртви во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој се случи на 16 март беа и членовите на бендот „ДНК“, пејачот Андреј Ѓорѓиески, придружниот вокал Сара Пројковска, гитаристот Андреј Коларов, тапанарот Ѓорѓи Ѓорѓиев, пијанистот Филип Стевановски, битбоксерот Мартин Атанасовски – Буцо, тонецот Игор Велков и официјалниот фотограф на „ДНК“, Александар Ефремов.
Гитаристот Горан Тонев заедно со Панчо и придружниот вокал Ана Костадиновска, се единствените преживеани од групата „ДНК“.