Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Првпат по раскинувањето со Кети Пери: Орландо Блум откри дека е „осамен и тажен“

Кејти Пери и Орландо Блум ставија крај на  својата врска по речиси десет години поминати заедно, а причините се тензиите и несогласувањата во изминатите месеци. Наводно, се почнало од реакцијата на публиката на нејзиниот последен албум, сепак раскинувањето поминало без драма и тие останале во пријателски односи.

И иако на свадбата на Џеф Безос се чинеше дека сè е во ред со популарниот актер и дека тој веќе нашол начин да ја преболи пејачката, неговата последна објава на Инстаграм сепак покажува дека тој навистина пати.

„Осаменоста не доаѓа од тоа што немате луѓе околу вас, туку од тоа што не можете да ги комуницирате работите што ви изгледаат важни“, е една од пораките што ги сподели Блум, додека друга се фокусира на чувството на тага: „Дури и среќен живот не може да биде без доза на темнина, а зборот среќа би го изгубил своето значење ако не бил избалансиран со тага.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Orlando Bloom (@orlandobloom)

Имено, со објавата на Инстаграм, актерот покажува колку е  воодушевен од теориите на психијатарот Карл Јунг, а неговата аналитичка психологија му помага подобро да го разбере крајот на неговата љубов со Кети Пери.

И тоа не се единствените мотивациски мисли што Орландо Блум ги сподели на социјалните мрежи во последно време! Порано оваа недела, тој цитираше позитивна будистичка мантра, пишувајќи:

„Секој ден е нов почеток. Она што го правиме денес е она што е најважно.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот