Доналд Трамп/ Фото: ЕПА

Против компанија на Трамп може да бидат подигнати криминални обвиненија во Њујорк

Обвинителите во Менхетен информираа една од компаниите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека наскоро може да биде поднесена кривична пријава против неа во врска со долготрајната истрага на неговите деловни случаи, објави Њујорк Тајмс.

Повикувајќи се на извори запознати со ова прашање, весникот наведува дека Trump Organization може да биде обвинета веќе следната недела за бонуси што им ги дава компанијата на нејзините директори, како што се употреба на станови, автомобили и школување. Адвокатот на компанијата, Рон Фискети, за Ен-Би-Си Њуз потврди дека адвокатите на Trump Organization во четвртокот имале виртуелен состанок со обвинителите за да разговараат за случајот. Тој ги опиша обвинувањата како „недолични” и рече дека компанијата веднаш ќе поднесе предлог за отфрлање на наводите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!