Фото: Profimedia

ПРОТЕСТИТЕ НЕ ВЛИЈААТ ВРЗ ТАЈКУНИТЕ: Паркинг-место во Хонгконг продадено за речиси милион долари

Хонгконг поради повеќемесечните насилни протести се соочува со можна рецесија, но тоа спречи еден тамошен претприемач за паркинг место да плати речиси милион долари, пренесува „Н1“.

Огромната сума на пари која ја издвоил Џони Чеунг Шун-је е показател на сѐ поголемите нееднаквости кои се предизвикани од незадоволството на оние кои пет месеци протестираат во овој финансиски центар, место во кое една од пет личности се сиромашни.

Цената од 970 илјади долари е повеќе од 30 пати поголема од просечната годишна плата на жителите на Хонгконг и отприлика е еднаков на цена на еднособен стан во лондонската населба Челси.

Паркинг местото се наоѓа во близина на петиот највисок облакодер во Хонгконг. Облакодерот „Центар“ претходно ги полнеше медиумските странци во октомври 2017 година, кога стана најскапата деловна зграда на светот. Тогаш, најбогатиот човек во Хонгконг ја продаде за повеќе од пет милијарди долари.

Паркинг-местото е купено за огромна цена и покрај сѐ поголемата загриженост за влијанието на продемократските протести врз пазарот за недвижнин во Хонгконг.

Цените на недвижнините во последните месеци паѓаат бидејќи градежните компании се приморани да нудат пониски цени за новите проекти и ги намалуваат цените за рента на канцелариите.

Економијата на Хонгконг оваа година би требало да порасне само еден отсо од БДП-то, што е најлоша стапка на раст уште од 2009 година, кога светот се соочуваше со рецесија.

– Поголем дел од сопствениците во „Центар“ се од финансиските или другите брзорастечки сектори. На тие тајкуни не им е толку значајно тоа што го купиле (паркинг местото), ако го споредите со вредноста на канцелариите кои ги поседуваат – истакнува Стенли Пун, директор на компанијата за недвижнини „Centaline Commercial“.

Состојбата на пазарот со недвижнини во овој автономен регион претходно стана и политичко прашање, бидејќи растечките цени ги примораа помалите компании поради високите цени за рента да ги затворат своите канцеларии, а дел од жителите не можат да си дозволат да купат или да изнајмат квалитетни домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот