Протестираа грчките угостители – поставија празни столчиња на Синтагма

Грчките угостители излегоа денеска на мирен протест во Атина.

Со 200 празни столчиња на плоштадот Синтагма, Грчката федерација на угостителски и сродни професии, вечерва одржа симболичен протест во рамките на европскита иницијатива симболични „Empty chairs”, јави дописничката на МИА од Атина.

Од федерацијата на овој начин побараа ефективни решенија за да преживее конкретниот сектор.

Секое од празните столчиња имаше и порака со барањата на угостителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот