
ФОТО | Пронајдени се зачувани фосили од влекач кој имал стил на пливање сличен на денешните морски лавови
За време на палеонтолошко ископување во градот Мерида во јужна Швајцарија, истражувачите од природонаучниот музеј Тичино за прв пат открија фосилни остатоци од воден влекач од родот Лариосаурус. Откривањето на овој фосил со зачувана кожа дава нови информации за анатомијата на животното, вклучително и неговото пливачко однесување, пренесува „Н1“.
Препорачано
Профилот на телото на ова животно, долго околу 60 сантиметри, укажува на високо развиена мускулатура на предните нозе и предниот дел од градите, велат палеонтолозите во текст објавен во стручно списание.
Interesting marine reptile from the dinosaur period found in Ticino (Switzerland) by researcherd and in collaboration with the museo dei fossili del Monte San Giorgiohttps://t.co/3VsRUeqz4A
— Urs Karrer, Ph.D. (@urs_karrer) September 2, 2025
Лариосаурусот имал стил на пливање сличен на оној на денешните морски лавови, а покрај тоа, и лушпи кои се зачувани и препознатливи на некои делови од фосилот.
Музејот за природна историја во Тичино објави дека фосилот е откриен за време на палеонтолошко ископување спроведено во 2023 година покрај потокот Гаџоло во близина на Мериде, на локацијата Монте Сан Џорџо, која е заштитена од УНЕСКО, позната по своите морски фосили.
Археолозите потврдија дека лариосаурусот живеел во првиот период од мезозојската ера, за време на средниот тријаски период, пред околу 240 милиони години.