Фото: Markus Matzel / imago stock&people / Profimedia

Пронајдени најстарите остатоци од зготвена храна: Новото откритие покажува што всушност јаделе неандерталците

Неандерталците не преживеале јадејќи само бобинки и сурово месо, покажуваат новите откритија на археолозите во комплексот пештери во северен Ирак.

„Нашите откритија се првиот вистински показател за сложеното готвење – а со тоа и културата на храна – меѓу неандерталците“, изјави за „Гардијан“ Крис Хант, професор по културна палеоекологија на Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул, кој ги координираше ископувањата.

Крис Хант и неговиот тим се обиделе да реконструираат еден од оброците користејќи семиња собрани во близина на пештерите.

„Направивме нешто како палачинка или тенок леб што беше многу вкусно – имаше вкус на орев“, рече Хант.

Најстарите пронајдени јагленосани остатоци од храна се откриени на местото на пештерата Шанидар, живеалиште на неандерталците 800 километри северно од Багдад , на планините Загрос. Се смета дека остатоците се стари околу 70.000 години и се пронајдени во едно од многуте антички огништа.

Тим археолози употреби специјална технологија за да ги анализира древните јагленосани остатоци од храна од пештерата Франхти на југот на Грција, кои датираат од пред приближно 12.000 години. Тие заклучија дека и двата наоди сугерираат разновидност на палеолитските диети и подготовки кои вклучуваат повеќе чекори.

„За првпат презентираме докази за натопување и дробење на семиња од неандерталците и раните модерни луѓе (Хомо сапиенс) на двете локации“, рече д-р. Церен Кабукчу, од Универзитетот во Ливерпул, кој го предводеше истражувањето.

Бидејќи неандерталците немале садови или саксии, тие ги натопувале семките во животинска кожа и ги дробеле со камења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот